Прва самостојна изложба на фотографии на Бојан Велески

128
Фото: Зоран Антоски

Вечерва во изложбениот салон од Центарот за култура во Кичево и пред голем број љубители на убавата фотографија од градот, беше отворена првата самостојна изложба на Бојан Велески, сертифициран фотограф и добитник на повеќе награди и признанија од оваа област во последните четири години.

На изложбата беа претставени десет фотографии на платно голем формат и, шест фотографии на платно мал формат. Авторот на изложбата, Бојан Велески, презадоволен од масовното присуство на отворањето на изложбата, истакна дека е пресреќен што во родниот град ја има таа чест да ја претстави својата прва самостојна изложба.

– Користејќи ги можностите на својот фотоапарат од една прошетка низ природата, понудив една добро развиена и ликовно осмислена приказна, чија главна цел е пренесување на пораката „Издржи и не се предавај“. Се надевам дека овој опус ќе имаат можност, покрај моите сограѓани, да го видат и љубителите на убавата уметност во главните културни центри во земјава, каде  очекуван големо присутво на граѓаните, како што вечерва беше тоа во родниот град – истакна Велески на премиерното претставување пред своите сограѓани.