Познатите личности донираат за справување со коронавирусот

168

Познатите личности издвојуваат високи суми во борбата против пандемијата.
Меѓу оние што подадоа рака е и популарната пејачка Ријана, која донира пет милиони долари за борба против короната, преку својата фондација „Клара Лајонел“, основана во 2012 година. Парите се наменети за различни организации што помагаат во отстранувањето на опасниот вирус. Познатата холивудска двојка Блек Лајвли и Рајан Рејнолдс исто така одлучи да донира милион евра.

– Сите се согласуваме, ковид-19 е ужас. Ако сте во можност да помогнете, сторете го тоа. Нашите милион долари ќе бидат поделени меѓу организациите „Нахранете ја Америка“ и „Банката за храна на Канада“. Водете сметка за своето срце и за своето тело. Оставете простор за среќа, јавете му се некому што е во изолација и кому му е потребен разговор – се наведува во нивната објава.
Исто така и модните куќи „Армани“ и „Версаче“ донираа милионски суми за борба против коронавирусот. Овие средства ќе ум бидат поделени на болници во Милано и во Рим.

И еден од најдобрите фудбалери на светот, напаѓачот на ФК Барселона, Лионел Меси, подари милион евра за борбата против коронавирусот. Донацијата на аргентинскиот репрезентативец ќе биде поделена за Клиничката болница во Барселона и за еден медицински центар во неговата татковина.
И менаџерот на англискиот клуб Манчестер и бивш играч на Барселона, Пеп Гвардиола, подари милион евра за набавка на медицинска опрема во својата татковина Шпанија. Други познати личности, како Џастин Тимберлејк и голем број НБА-играчи, фудбалерот Кристијано Роналдо и многу други исто така им донираа средства за помош на училишта и болници.