Пекинг демантира дека доцнеле со информациите за коронавирусот

14

Пекинг соопшти дека извештаите на весниците, според кои Кина задоцнето споделила информации за ковид-19 со СЗО, се целосно невистинити.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лијиан, на прес-конференција одговори на тврдењата од американски медиуми дека Светската здравствена организација била фрустрирана поради значително одложеното споделување на информации за епидемијата на коронавирус, за време на првата фаза на епидемијата во Кина.

Медиумите објавија дека снимките од внатрешните состаноци во СЗО покажале дека агенцијата на ООН одвај ги добила потребните информации од Кина на почетокот на пандемијата на коронавирус, што е во спротивност со првичните пофалби што Светската здравствена организација му ги упатила на Пекинг.

Снимките од таа средба покажуваат дека официјалните лица се жалат на 6 јануари дека Пекинг не ги споделува со остатокот од светот податоците потребни за да се процени ризикот што вирусот го претставува за остатокот од светот.

Дури на 20 јануари Кина призна дека коронавирусот е заразен, а на 30 јануари СЗО прогласи глобална закана.