Некој во Мичиген се разбуди како добитник на џекпотот вреден милијарда долари

183

Добитниот лоз за џекпотот на лотаријата на „Мега милиони“ вреден милијарда долари, што е третата највисока премија во историјата на САД, е купен во американската сојузна држава Мичиген, пренесува магазинот „Тајм“.

Добитните броеви од петочното извлекување се 4, 26, 42, 50 и 50, со бонус број 24 на т.н. „мега бол“. Добитното ливче е купено во продавница на „Крогер Мичиген“ во предградието „Нови“ на Детроит, како што извести Лотаријата на Милчиген.

 – Некој во Мичиген утрово се разбуди со вести што го менуваат животот и „Крогер Мичиген“ му  честита на најновиот мултимилионер на Мичиген – кажа Рејчел Хрст, портпаролка на синџирот на продавници во која било купено добитното ливче.

Наградата на лотаријата на „Мега милиони“ се зголемувала од 15 септември минатата година, кога добитниот лоз бил продаден во Висконсин. Следниот џекпот на лотаријата се проценува на 20 милиони долари.

Само две премии биле повисоки во однос на онаа во Мичиген. Три тикети за џекпотот на лотаријата „Пауербол“ вреден 1,586 милијарди долари биле продадени во јануари 2016 година, а еден добитен лоз за премијата на „Мега милиони“ во износ од 1,537 милијарди долари бил продаден во октомври 2018 година.

Износите за џекпотот се однесуваат на сумите во случаи кога добитникот се одлучува премијата да му биде исплатена во 30 годишни рати. Повеќето добитници се одлучуваат за единечна парична награда. Од „Мега милиони“ проценуваат дека во тој случај џекпотот ќе изнесува 739,6 милиони долари пред исплатата на даноците. 

Изгледите за добивање на џекпотот на „Мега милиони“ се мали, со што се проценува дека добитникот има шанса од еден наспрема 302,5 милиони. Лотаријата се игра во 45 американски сојузни држави како и во Девствените Острови.