Најпрометната авиолинија во светот e Сингапур- Куала Лумпур

584

Авиолинијата помеѓу Сингапур и Куала Лумпур, е најпрометна меѓународна рута во светот, соопшти ОАГ Авиејшн.

Авионите за една година до крајот на февруари 2018 година летале меѓу тие две десетинации 30.537 пати, јави Би-Би-Си.

Таа авиолинија презеде примат од линијата Хонг Конг – Тајпеј.

Летот помеѓу Сингапур и Куала Лумпур трае околу еден час. Во план е изградба на брза железница што би ги поврзувала тие два града.

Меѓу Куала Лумпур и Сингапур се извршуваат 84 летови дневно.