Најмалку осум жртви во самоубиствениот напад во Могадишу

122

Најмалку осум лица биле убиени во денешниот терористички напад во сомалискиот главен град Могадишу.

Цел на нападот била административна зграда во областа Холвадаг. Училиште, џамија и повеќе куќи биле оштетени во нападот. Најголем дел од жртвите се цивили.

Се претпоставува дека нападот бил организиран од страна на исламистичката група Ал Шабаб, која со години се бори против сомалиските власти и нивните западни поддржувачи.