Надал: Не сум изненаден од враќањето на Ѓоковиќ на врвот

93
Рафаел Надал во следните денови ќе води голема битка за да го зачува првото место на АТП листата, на кое сериозно претендира Новак Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер му се приближи на Шпанецот на само 215 поени, па ќе биде многу интересно да се види што ќе се случува на „Мастерс“ турнирот во Париз.
 
Надал, кој ја пропушти целата азиска турнеја поради проблеми со коленото, изјави дека не е изненаден што Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП листата.
 
– Не бев изненаден. Тој секогаш е добар. Тој има одличен втор дел од сезоната и заслужува да биде на позицијата каде што е сега. Сите беа убедени дека брзо ќе се врати во најдобра форма, изјави Надал.
 
Надал е свесен дека неговата прва позиција ќе биде тешко да се одбрани само поради фактот што Новак не брани бодови до крајот на сезоната.
 
– Среќен сум кога ќе видам некој како Новак како игра повторно на врвно ниво. За мене ова беше тешка сезона, два пати бев повреден во многу важен период од сезоната. Пропуштив два „Мастерс“ турнири на почетокот на годината, неколку турнири од серијата 500, Австралија. Потоа, здобив повреда на Ју Ес Опен и не играв во Пекинг и Шангај. Тоа се многу изгубени турнири. Мојата цел е да се вратам на теренот, да бидам здрав и среќен, изјави Шпанецот.