Младиот Петар по вторпат го фати крстот во Битола

227

Младиот Петар Атанасовски, кој има 17 години по вторпат го фати крстот што Митрополитот Петар го фрли во базенот во црквата Св. Димитрија во Битола.

– Имам 17 години и учам во Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“. Досега
три пати скокам по крстот, а втор пат го фаќам. Првиот пат тоа беше во 2018 година, кога имав само 15 години. Многу сум среќен, чувството е неописиво, им посакувам на сите здравје, среќа, љубов и мир. Очекувам оваа година да ми биде посреќна и да ми се исполни една од моите желби – изјави по фаќањето на крстот младиот средношколец од Битола.

Тој пред да скокне по крстот утрината присуствуваше на утринската богослужба која се одржа во црквата “Св. Димитрија“, каде што се фрлаше светиот крст. М.М.