Крис Марфи: Трамп го упропасти нашиот пуч во Венецуела

67

Поплаките на Демократската партија од претседателот Доналд Трамп се многубројни, но сепак најновите можеби се најбизарни досега. Еден сенатор тврди дека дрскиот карактер на Трамп упропастил совршен државен удар во американски стил во Венецуела, пренесува РТ.

Да се прашуваше сенаторот Крис Марфи, лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гваидо, сега ќе беше во претседателската палата во Каракас по успешното соборување на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. И покрај поддршката што САД му ја дадоа на Гваидо минатата година, планираниот пуч на младиот политичар беше неуспешен, а Марфи го обвинува Трамп за таа загуба.

Бидејќи Комитетот за надворешни работи во Сенатот во вторникот расправал за дебаклот, Марфи го претставил списокот со жалби против главниот поттикнувач на пучот.
Прво, Трамп не успеа да ги убеди Русија, Куба и Кина да го напуштат Мадуро. Што се однесува до Русија, Марфи тврди дека претседателот е свиткан околу прстот на Владимир Путин, а во однос на Кина, Марфи го критикувал Трамп зашто им дал приоритет на трговските прашања на САД пред интервенционистичките авантури во странство.

Она што следуваше, рече Марфи, беше комедија од грешки, од агитирање за неуспешно востание минатиот април без обезбедување воена поддршка за Гваидо до назначување отворен ентузијаст за промена на режимот, Елиот Абрамс, за амбасадор во Венецуела, до нејасни закани со војна од поранешниот советник за национална безбедност, Џон Болтон.

Марфи е бесен што Америка под Трамп го загубила природното право да контролира кој управува со Венецуела, посочува новинарот Глен Гринвалд.
Социјалистичкиот коментатор Том Војчик смета дека демократите под Бајден агресивно ќе му дадат приоритет и покомпетентно ќе организираат уште еден државен удар во Венецуела во име на препишување на оставнината на Трамп.
Она што ја илустрира серијата изјави од Марфи, коментира левичарскиот новинар Бен Нортон, е дека обидот за државен удар во Венецуела бил двопартиски.

– Барем овој прогресивен империјалистички демократ е искрен – вели Нортон.

Неуспешниот обид на Трамп за промена на режимот во Венецуела го обележа повлекувањето од ветувањето на САД дека нема да се меша во странски конфликти и војни за промена на режимот.
Во Каракас на власт останува Мадуро, што ги фрустрира Марфи и пратениците од обете страни на политиката, кои мислеа дека имаат златен билет со Гваидо минатата година. Самиот Гваидо, заедно со голем број опозициски политичари, ветија дека ќе ги бојкотираат парламентарните избори во Венецуела во декември тврдејќи дека Мадуро ќе изврши изборна измама за да ја одржи својата партија на власт.