Кинотеката меѓу најдобрите арт-кина на блогот „Спотид бај локалс“

29

Кинотеката на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт-кина во Европа од блогот „Спотид бај локалс“. На блогот се објавени водичи за 71 град, кои се создадени од вистински локалци што живеат во градот за кој пишуваат, го зборуваат локалниот јазик и пишуваат за нивните омилени места во градот. Основачите на блогот ги посетуваат сите градови и лично ги запознаваат локалците што пишуваат за блогот и ги посетуваат локациите препорачани од нив.
– Скопје има прекрасно арт-кино, во кое се чувствувате како во музеј на филмот. Кинотеката главно се фокусира на независниот филм и документарци. Речиси секој месец се одржуваат ретроспективи и филмски ревии посветени на филмови од одредена земја. Кинотеката е посветена на презентирање на суштинската филмска уметност – стои во извадок од статијата на блогот посветен на Кинотеката, чиј автор е Бојана Трајковска.

Погледнете ја листата тука!