Кер, Рајт и Мекмилан ќе му помагаат на Попович на клупата на САД

44
Грег Попович (лево) и Стив Кер

Тренерот на шампионот на НБА лигата, Голден Стејт – Стив Кер, е номиниран за асистент Грег Попович во тимот на САД за Олимпијадата 2020 во Токио, соопштија од кошарската асоцијација.

Заедно со Кер, на патот кон одбраната на светското злато на Поповиќ ќе му помагаат и Џеј Рајт и Нејт Мекмилан.

Кер освои три од последните четири НБА шампионати со „вориорс“, Рајт со колеџ тимот Виланова двапати беше најдобар во НЦАА (2016 и 2018) и му помагаше на Поповиќ на Игрите во Рио, додека Мекмилан има искуство во националниот тим од 2006 година. До 2012 година работеше со Мајк Крижевски.

Тимот на САД го брани трофејот во Кина следната година, а потоа во 2020 година во Токио, откако ја победи Србија во финалето два пати на претходните два турнири во Шпанија и во Рим.