Заев и Мицкоски во новиот спот на „ДНК“

50

Панчо и Андреј од дуото „ДНК“, како и голем број нивни колеги, времето во изолација го искористија за креативност. Тие снимија нова песна, која ја насловија „Јави ми“ и за неа веќе е реализирана и видеоприказна. Текстот го напиша Панчо, Лазар Цветкоски ги направи аранжманот и мастерингот, додека музиката им е заедничка.

Спотот е анимирана приказна, со желба да се доловат зближеноста и дружењето на познатите личности во едно комично и несекојдневно издание. И наедно еден вид почит за секој од нив поединечно. Анимацијата, односно видеото е комплетно авторско дело на младиот дизајнер и стрип-цртач Никола Димов и на неговата „Никола ртс хаус“.

Во кадрите, освен ликовите на Панчо и Андреј, ги има и: Боки 13, Слаткар, Наум Петрески, Миле Кузмановски, Симон Трпчески, Заев, Мицкоски, Ахмети, Антиќ, Каролина, Есма, Тоше, Ѓорѓи Колозов, Манасков, Стоилов, Лазаров, Пандев, Елмаз, Врчак, Лозано…