Аеродром подели заштитни маски и ракавици во Пензионерскиот дом и СВР – Скопје

30
Мобилни тимови на Општина Аеродром и Црвен крст денеска им поделија заштитни маски и ракавици на станарите на Домот за стари „Аеродром“, како и на дежурните вработени во СВР – Скопје.

Исто така, во Домот за стари беше поставен и држач со средство за дезинфекција, а во текот на вчерашниот ден таму беа дезинфицирани сите влезови.

 

Мобилните тимови на Црвен крст даваат подршка на сите лица што не се во можност сами да се снабдат со прехранбени продукти и лекови.

Заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 3 211 417 во периодот од 8:30 до 12:30 часот.

Досега помош побарале 20-ина семејства од Општина Аеродром