Неколку илјади луѓе маршираа во центарот на Чикаго протестирајќи против имиграционата политика на претседателот Доналд Трамп, а слични протести се викендов и во други градови во САД.

Демонстрантите извикуваа пароли во коишто го критикуваа Доналд Трамп и Агенцијата за имиграција (ИЦЕ), а многу од нив носеа плакати со натписи „Не за деца во кафези” и „Укинете ја ИЦЕ”.

Портпаролот на полицијата во Чикаго, Антони Гуглиеми рече дека протестите биле мирни, немало уапсени. Проценките се дека имало околу 5.000 демонстранти.

Слични протести се одржаа и во другите градови, вклучувајќи го и Феникс, каде десетици демонстранти го блокираа центарот во петокот вечерта. Полицијата во Феникс уапси 16 демонстранти.