Четири деца загинаа, а најмалку една жена е повредена кога воз удри во товарен велосипед во Холандија, јавуваат холандските медиуми.

Товарниот велосипед е популарен во Холандија, каде што родителите го користат за превоз на деца. Несреќата се случила во градот Ос, на истокот на земјата, во близина на границата со Германија.

Холандија, држава позната по велосипедите, минатата година првпат забележа поголем број на сообраќајни несреќи на велосипеди, отколку автомобили, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Таа година загинале над 200 велосипедисти.