Најмалку 35 мигранти загинаа откако денеска се преврте брод на кој биле качени  во близина на брегот на Тунис, соопшти Министерството за одбрана на таа држава.

Крајбрежната стража спасила 67 лица.

Спасувачката операција е во тек. Дел од мигрантите биле државјани на Тунис. На бродот имало околу 180 мигранти, изјавија официјални лица.