Трамп размислува за формирање патриотска партија

Доналд Трамп ја разгледува можноста за основање „патриотска“ партија, тврди „Волстрит журнал“, повикувајќи се на информирани извори.
Како што тврдат повеќе истражувачки медиуми, Трамп, иако сѐ уште ужива голема популарност во редовите на Републиканската партија, интензивно размислува за формирање своја алтернативна политичка опција.

„Традиционални републиканци“ и „републиканци на Трамп“

Според анкетата на „Аксиос“, спроведена од 11 до 13 јануари 2021 г., дури 36 проценти од испитаниците се определиле како „републиканци на Трамп“, а 56 проценти како „традиционални републиканци“. Разликите се значајни во ставовите на овие две групи. Како што забележавме, само еден процент од „републиканците на Трамп“ го поддржуваат отповикувањето на претседателот, речиси четвртина (24 проценти) од традиционалните републиканци го поддржуваат отповикувањето.
Помалку од половина (46 проценти) од традиционалните го поддржуваат Трамп во проблематизирање на резултатите од изборите, додека 41 процент сметаат дека Трамп треба да биде републикански претседателски кандидат во 2024 година.

Партијата на Трамп би влијаела на наредните претседателски избори, како и на изборите за Сенатот и Претставничкиот дом

Меѓутоа, неодамнешните анкети покажуваат дека популарноста на Трамп се намалува. Истражувањето на универзитетот „Квинипак“ покажа дека 34 проценти од испитаниците ја поддржуваат работата на Трамп.
Во секој случај, партијата на Трамп (доколку навистина се реализира), дури и да има поддршка од само 10 проценти од гласачите, сигурно ќе ги спречи републиканците да победат на претседателските избори, како и на изборите за Сенатот и Претставничкиот дом.
Имено, во 1988 и 1992 година, демократскиот кандидат Бил Клинтон победи на претседателските избори токму поради појавата на кандидат што се насочи кон електоратот наклонет кон републиканците. Клинтон стана претседател во 1988 година со само 43 проценти од гласовите, бидејќи независниот Рос Перо освои 18,9 проценти од гласовите. На изборите во 1992 година, Перо беше кандидат на Партијата за реформи (што тој ја основаше) и освои 8,4 проценти од гласовите.

Дури 91 процент од приврзаниците на Трамп го поддржуваа неговиот обид за пресврт во изборните резултати

Имено, според споменатата анкета на „Аксиос“ спроведена од 11 до 13 јануари 2021 година на 1.019 испитаници, само еден процент од приврзаниците на Трамп сметаат дека тој треба да биде отповикан за поттикнување немири.
Дури 91 процент од приврзаниците на американскиот претседател го поддржуваат неговиот обид за пресврт во изборните резултати, додека 92 проценти од нив сметаат дека Трамп треба да биде претседателски кандидат во 2024 година.