Мал број американски војници во Тајван обучуваат тајвански војници, изјави претседателката Цаи Инг-вен во интервју за „Си-ен-ен“, потврдувајќи го присуството на американските сили на островот.

– Имаме широк опсег на соработка со Соединетите Американски Држави за зајакнување на нашите одбранбени способности – рече Цаи.

На прашањето колку американски војници се распоредени во Тајван, таа одговори дека „нема толку многу колку што мислат луѓето“.

Потврдата беше издадена бидејќи Кина значително го зголеми воениот притисок врз Тајван, вклучително и мисиите на кинеските борбени авиони во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Тајван.

Иако неколку тајвански и меѓународни медиуми, претходно објавија за таква обука со американските сили, официјалната потврда може дополнително да ги влоши американско-кинеските односи во време кога Пекинг спроведува воени вежби заедно со Тајван, се анализира во новинарските написи.

Според медиумите во светот, запрашан за коментар на тајванската претседателка, тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-ченг пред новинарите изјави дека тајванско-американските воени интеракции биле чести и траеле долго време.