Властите во северно индиската држава Утараканд започнаа истрага за сомнителни селективни абортуси, откако податоците покажаа дека од вкупно 216 деца родени во 132 села во текот на три месеци, нема ниту едно женско родено дете, пренесува „Индепендент“.

Официјалните власти соопштија дека состојбата е алармантна и дека постои тренд за масовно абортирање на женските фетуси меѓу населението. Окружниот судија од Утаркаши изјави дека неодамнешната стапка на наталитетот во однос на жените е сомнителен.

Податоците од пописот од 2011 година покажуваат дека на 943 жени имало 1.000 мажи. Сомнителните 132 села каде што не се родени женски деца во три-месечен перидот се означени како „црвена зона“, а локалните власти внимателно ќе ја нагледуваат состојбата.

Според „Индепендент“ во 1994 година, Индија го забрани селективниот абортус, но практиката останува вообичаена во земјата, каде што родителите ги претпочитуваат машките деца како носители на семејството, а девојчињата за финансиски товар.

Минатата година, индиската влада информираше дека исчезнале околу 63 милиони жени од вкупниот број на населението, поради желбата за машки деца.