Провладината воена единица на ирачките шиити соопшти дека седум лица загинале, а 26 се повредени во источниот дел на Ирак. Бомба на патот погодила автобус во кој биле нејзините борци.

Единицата наречена Национални сили за мобилизација соопшти дека бомба во местото Балад Руз погодила во автобус којшто доаѓал од провинцијата Басра во јужен Ирак.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Шиитските групи претходно беа на места на екстремистите на Исламската држава, кои се сунити. Исламската држава, која некогаш контролираше големи делови од Сирија и Ирак, официјално беше прогласена за поразена во Ирак по тригодишните крвави борби во кои загинаа десетици илјади луѓе.

Некои од преостанатите ќелии на оваа екстремистичка група продолжуваат да напаѓаат во различни делови на Ирак.