Северна Кореја повторно истрела две балистички ракети со краток дострел кон источниот брег на земјата, соопштија официјални лица на Сеул, со што продолжија тестирањата на оружје. Овие тестови доаѓаат во време на замрзнати нуклеарни разговори со Вашингтон и продолжувањето на воените вежби на САД и Јужна Кореја, коишто го разлутија Пјонгјанг.

Ова е шести пат како се истрелани проектили од 25 јули до денес. Ракетите биле истрелани од северната покраина Кангун, првите во 8.01 часот по локално време, а вторите 15 минути подоцна, соопшти војската на Сеул. Војската информираше дека достигнале висина од околу 29 километри и летале 230 километри пред да се паднат во водите меѓу Јужна Кореја и Јапонија.

Генерално, Сеул ги класифицираше другите неодамнешни лансирања на северот како балистички ракети со краток дострел.

Во Вашингтон, висок претставник на администрацијата изјави дека САД е свесен за случувањата и ќе продолжи да ја следи состојбата.