Рускиот претседател Владимир Путин разговарал денеска телефонски со германската канцеларка Ангела Меркел за конфликтите во Сирија и Украина, како и за светската економска состојба.

– Рускиот претседател ја информираше канцеларката на Германија Меркел за договорот постигнат меѓу Русија и Турција за стабилизациски активности во зоната на деескалација во сириската област Идлиб – соопшти Кабинетот на рускиот претседател.

Русија и Турција се договорија да распоредат мировни сили во оваа бунтовничка област, со што се очекува и дека ќе се откаже планираната офанзива на сириската армија.

Во соопштението се посочува дека во текот на разговорите, станало збор и за потребата украинските власти да обезбедат посебен статус за области Луханск и Донецк, кои се под контрола на проруските сепаратисти.