Најмалку осум припадници на авганистанската безбедносна служба загинаа, а десет се повредени при напад врз конвој со кој патувал гувернерот на провинцијата Логар.

При нападот не е повреден гувернерот.

Локалната полиција соопшти дека нападот е извршен со автомобил-бомба, што е активирана на автопатот од провинцијата Логар кон главниот град на Авганистан, Кабул, кога поминувал конвојот.

Одговорност за нападот ја презедоа талинабците.