Министерката за информации на Либан, Манал Абдел Самад најави денеска дека поднесува оставка од функцијата.

Ова е прва оставка на еден владин претставник во Либан, по разорната експлозија која предизвика лутина кај народот поради невнимание на надлежните.

– По огромната катастрофа во Бејрут поднесувам оставка. Им се извинувам на Либанците, не можевме да ги исполниме нивните очекувања – рекла министерката во кусо телевизиско обраќање.

Либанскиот христијански маронитски патријарх, Бехар Бутрос ал-Раи ја повикал владата да поднесе оставка ако не може да го измени начинот на кој владее со земјата и да и` помогне да закрепне од експлозијата.

Во експлозијата загинаа речиси 160 луѓе, 6000 се повредени, а десетина се исчезнати.

Претседателот на христијанската опозициска партија Катаеб, Сами Џемаил рекол дека тројца пратеници од таа партија одлучиле да поднесат оставка поради катастрората што ја погоди земјата и ги повика сите чесни членови на Парламентот исто така да постапат и да помогнат „во раќањето на новиот Либан“.

Висок претствник од таа партија загина во експлозијата.