Поранешниот лидер на палестинскиот Исламистички џихад, Рамадан Шалах, почина после борба со болеста, информира вчера телевизијата ал-Манар.

Шалах (62) беше главен секретар на милитантната група, која го поддржува Иран од 1995 до 2018 година. Ал-Манар не наведе од која болест боледувал Шалах.

Таа група извршувала напади на Израел и сака да воспостави исламско палестинска држава. САД, ЕУ и други ја прогласија за терористичка организација.

– Со губењето на Шалах, загубивме голем човек – рекол палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Шалах е роден во Газа во 1958 година. Студирал економија во Египет, а докторирал во Велика Британија. Избран е за лидер на палестинскиот исламски џихад по убиството на поранешниот шеф на групата, Фатхи Шикаки во 1995 година.