Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска го потпиша Законот за суспензија на Договорот за пријателство, соработка и партнерство помеѓу Украина и Русија.

Законот за прекин на Договорот би требало да стапи во сила на 1 април 2019 година.

Претходно, Врховната рада со мнозинство гласови донесе одлука да не го продолжи Договорот за пријателство и соработка со Русија.

Договорот усвоен во 1997, а стапи во сила во 1999 година, предвидува стратешко партнерство помеѓу двете држави во траење од 10 години.