Најмалку 43 лица загинаа денеска во пожар во шесткатна фабрика во Њу Делхи. Пожарот избил додека работниците спиеле, соопштија владини претставници.

Според информациите од локалните медиуми, фабриката произведувала чанти и голем дел суров материјал се наоѓал во магицините во објектот и поради тоа пожарот брзо се проширил.

Спасени се повеќе од 50 луѓе, а повредените се пренесени во четири болници во градот, соопшти противпожарната служба.