Продолжуваат судирите помеѓу Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион Нагорно-Карабах. Ноќта во зоната на судирите помина во релативно стабилна напнатост.

Завојуваните страни и натаму се обвинуваат за избивање на судирите, а примирјето е се уште само на хартија, наспроти сите апели на светските сили да се стави крај на војната.

Непризнатата Република Нагорно-Карабах изгуби многу војници за време на борбите во регионот, изјави денеска ерменскиот премиер Никол Пашињан во обраќање до нацијата.

– За време на првата недела од воената акција, непријателот не успеа да постигне стратешки успех, дури и наспроти тоа што немаа проблеми со снабдување со оружје и луѓе, додека Арчак ( Нагорно-Карабах) и Ерменија ефикасно делуваа за време на блокадите – рекол тој, пренесе ТАСС.

Тој нагласил дека за време на овој период непријателот изгубил огромен број воени возила и луѓе, но некои од нив биле и платеници, терористи.

– За жал и нашите загуби се огромни – истакнал Пашињан.