Европската унија(ЕУ) ќе го укине задолжителното сезонско поместување на часовникот од октомври 2019 година, при што државите членки до април треба да донесат одлука за тоа дали сакаат да го задржат летното или зимското сметање на времето, соопшти денеска Европската комисија(ЕК).

Од 1996 година законите на ЕУ им налагаат на сите земји членки поместување на стрелките на часовникот еден час напред во март, односно наназад, последната недела во октомври.

– Со крајот на октомври 2019 година се укинува зимското сметање на времето – изјави Виолета Булц, на денешната прес конференција.

Предлогот беше изнесен откако во ЕУ беше спроведена анкета, во која учествуваа рекордни 4,6 милиони испитаници. Дури 84 отсто од испитаниците беа против промена на часовникот.