Блокот на продавници, канцеларии и апартмани на авенијата „Слоун 60“ некогаш беа складиште за стоковната куќа „Хародс“ во Лондон. Сега се жариште на последниот финансиски скандал што го потресува Ватикан – потенцијално најголемиот уште од надбискупот Пол Марцинкус чие претседателство со ватиканската банка во 70-те и во 80-те години доведе справување со масоните и со мафијашите, пишува „Економист“.

На 1 октомври, ватиканските жандарми, по наредба од неговите обвинители, извршија рација на канцелариите на ватиканската Управа за финансиски информации (АИФ), регулаторот на банката, и секретаријата на државата, кое ги комбинира улогите на канцеларија на премиерот и министерството за надворешни работи за администрацијата на Ватикан. Тие бараа „документи и електронски направи“, како што соопшти Ватикан. Информациите испратени до гардистите што го контролираат влезот во Ватикан, кои протекоа во јавноста, покажуваат оти меѓу петте официјални лица кои се суспендирани додека се очекува исходот на истрагата, е и директорот на АИФ Томасо ди Руца.

– Ова е кошмар. Ова претставува ризик за уривање на се што постигнавме во изминатите осум години – вели висок претставник на Ватикан.

Во 2011 година Ватикан се согласи на инспекција не неговиот финансиски сектор од страна на Комитетот на експерти за оценка на мерките против перење на пари и финансирање тероризам „Манивeл“. Оттогаш создаде институционална рамка слична на онаа што ја имаат другите држави, а сомнителните сметки беа затворени од Банката на Ватикан. На денот на рациите Банката на Ватикан ги поминала последните чекори кон стекнување углед кога почна да ги користи услугите за трансфер на пари на Единствената европска платежна област (СЕПА).

Во 2014 година, папата Франциск создаде Секретаријат за економија што ќе ги надгледува сите финансиски активности на Светата Столица и државниот имот на Ватикан. Нејзиниот прв шеф Џорџ Пел, кој обжалува пресуда за педофилија во Австралија, истакна дека откако стапил на функцијата, тој открил „стотици милиони евра“ кои не биле на извештајот за финансиската состојба.

Згора, под надлежност на новото тело спаѓа и Секретаријатот на државата кој управува со околу 800 милиони евра. Магазинот „Л’Еспресо“ објави во 2011 година дека во времето на папата Бенедикт, Секретаријатот слеал безмалку 200 милиони евра во фонд регистиран во Луксембург. Меѓу неговите инвестиции спаѓа и удел од 45 отсто во имот во Лондон, кој претставник на Ватикан го идентификувал како пренаменетото складиште на „Хародс“. Луѓето што управуваат со објектот одбија да ја коментираат ваквата информација.

– Меѓу бројните прашања кои истрагата ги отвори, извесно е оти обидите за држењето на официјалните лица од Ватикан надвор од финансиските неприлики, се далеку од остварени. Таа има импликации надвор од државата. Тајновитата култура на Ватикан и суверените привилегии се идеални за дубиозни трансакции – наведува „Економист“.

Последниот ангажиран надворешен соработник на Ватикан треба да помогне во матната ситуација. Папата Франциск на 3 октомври го назначи пензионираниот антимафијашки обвинител Џузепе Пињатоне за претседател на Судот на Ватикан. Едно од првите негови судења ќе биде за поранешниот претседател на Банката на Ватикан Анџело Калоја, кој е обвинет за кражба на десетици милиони евра од зделките за имотите.