Бомбаш-самоубиец денеска се разнесе во близина на зградата на Министерството за рурална обнова и развој во главниот град на Авганистан, Кабул.

Сè уште нема точни податоци колку лица загинале, но, според каналот „Толо вести“, тие се околу 10.

Портпаролот на министерството, Фаридун Азханд изјави дека бомбата експлодирала во време кога вработените ја напуштиле зградата околу 16:30 по локално време.