Протести во Турција поради владината одлука да смени тројца градоначалници во југоисточниот дел од земјата, каде што живеат Курди. Поради протестите полицијата употреби водени топови за да ја растера толпата.

Како што пренесуваат турските медиуми, најмалку 30 лица се приведени денеска во Дијарбакир, на третиот ден од протестите. Владата ги смени градоначалниците на Дијарбакир, Мардин и Ван, поради наводни врски со Работничката партија на Курдистан, која турските власти ја сметаат за терористичка организација.

Сменетите градоначалници, членови на прокурдската Народна демократска партија, се избрани на локалните избори во март. На нивни места се поставени државни гувернери.

Тие се обвинети за разни кривични дела, меѓу кои и членство во терористичка организација и ширење терористички пропаганди, соопшти турското Министерството за внатрешни работи.