фото: илустрација

Русија денеска соопшти дека смета оти е неприфатливо Вашингтон да бара од Москва да го уништи нејзиниот нов систем со крстосувачки ракети.

САД сметаат дека со овој ракетен систем Русија „директно и континуирано“ го крши Договорот за ликвидација на ракетите со среден и краток дострал, со што „ја дестабилизира глобалната безбедност“.

Москва ги отфрла ваквите американски оценки, а рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков дури предложи Вооружените сики на Русија да извршат демонстрација на ракетниот систем пред претставници на САД, за да ги убедат во своите тврдења.