Меѓународниот трибунал ѝ нареди на Русија веднаш да ги ослободи 24-те украински морнари и трите бородови, кои ги заплени на брегот на Крим во ноември минатата година.

Москва соопшти дека морнарите ја нарушиле поморската граница во близина на полуостровот, кој го присвои од Украина во 2014 година.

Но, сепак, Меѓународниот Трибунал за законот на водите, застана на страната на Украина.

Русија одбива да ја признае законистоста на ова тело. Таа ги бојкотира сослушувањата и аналитичарите велат дека шансите тие да се придржуваат до привремената одлука на судот, со седиште во Германија, се чини минимално.

Украинските морнари се обидоа да преминат низ теснецот Керч, единствениот премин кон украинските пристаништа на Азовското море.

Тој теснец е под контрола на Русија, откако таа го анектираше полуостровот Крим, по што крајбрежната стража од бродови пукаше кон украинските бродови пред да ги заземе. Од тогаш тие се заробени во Русија.