Францускиот муслимански совет (ЦФЦМ), водечки претставник на муслиманите во Франција, денеска соопшти дека ги тужи „Фејсбук“ и „Јутуб“, бидејќи емитувале снимка од масакрот во Крајстчрч.

Масовното убиство во две џамии во Нов Зеланд беше пренесувано 17 минути во живо на фејсбук-профилот на напаѓачот.

Неколку часа по нападот снимката се уште можеше да се најде на Фејсбук, Твитер, Алфабетик, Јутјуб, како и на Инстаграм и Вокап, кои се во сопственост на компанијата „Фејсбук“.

Абдалах Зекри, претседател на опсерваторијата за исламофобија во ЦФЦМ, потврди дека тужбата е веќе поднесена.