Руските законодавци ja одобрија кандидатурата на Михаил Мишустин за нов премиер откако претседателот Владимир Путин предложи уставни реформи и почна реконструкција на неговиот потесен круг. Тие промени би можеле да го задржат Путин на власт и по истекувањето на мандатот во 2024 година.

Мишустин во 2010 година беше избран од Путин да ја предводи руската даночна служба, но досега не се сметаше за политичар од висок профил. За него се смета дека е заслужен за дигитализирање на рускиот даночен систем, што доведе до намалување на затајувањето данок. Руски Форбс го наведе Мишустин како 54-ти најдоброплатен руски јавен службеник во 2015 година, со приходи од околу три милиони долари.