Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен, соопшти дека ЕК одлучила да додели 15 милиони евра за санирање на штетите од силниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември.

Таа додаде дека Европската Унија се солидаризира со ситуацијата, не само со зборови туку и со конкретна финансиска помош.

Претходно во Албанија беа испратени специјализирани екипи за пронаоѓање и спасување, а сега на терен има и екипи за проценка на штетите.