Турски суд денеска осуди 72 обвинети на доживотен затвор за нивната улога во судирите на мостот во Истанбул, каде беа убиени 34 лица за време на обидот за државен удар пред две години.

Се очекуваат пресуди за уште 71 обвинет во овој случај, во кој се обвинети за намерно убивање на цивили кои одговориле на повикот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган да им се даде отпор на пучистите на мостот преку Босфорскиот теснец ноќта на 15 јули 2016 година.