Бунтовничките групи делумно се повлекоа од Кан Шајкун во северозападна Сирија, отворајќи го патот за силите на владата да влезат во градот, објави „Гардијан“.

Оваа е голема пресвртница во војната за провинцијата Идлиб, последното големо упориште на бунтовниците во Сирија. Развојот на настаните доаѓа неколку часа откако Турција распореди тенкови и други армиски возила длабоко на територијата на Сирија, во дел како одговор на офанзивите на силите кои се борат за сирискиот лидер, Башар ал Асад.

Кан Шајкун беше главната цел во воената кампања која започна во април оваа година. Сепак, кампањата го загуби својот инцидент во последните неколку денови, и покрај бројните воздушни напади предводени од Русија, кои предизвикаа иселување на речиси 500 илјади луѓе од јужниот дел на Идлиб.

Бунтовниците, предводени од Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), терористичка група поврзана со Ал Каеда, го бранеа градот се до утринава, кога се забележани дека ја менуваат позицијата и се движат кон север.

Екстремистичките групи се соединија со другите борци кои војуваат против Асад ширум територијата на Идлиб и контролираат некои делови од провинцијата. Таа прерасна во последното упориште на оние кои бунтуваа против сирискиот лидер за време на Арапската пролет во 2011 година. Кога сириските градови и села интензивно беа напаѓани од војската поддржана од Русија и Иран, тие забележаа големи загуби, и населението од сите страни на Сирија се најде во провинцијата.

Кан Шајкун се претвори во првиот фронт во борбата за Идлиб поради неговата позиција на главниот автопат кој го поврзува со Хама на западот. Во април 2017 година, центарот на градот беше нападнат со боевиот отров сарин, при што загинаа повеќе од 92 лица, а 200 беа повредени.