Тринаесет деца загинаа во пожар во сиропиталиште во близина на главниот град на Хаитите, Порт-о-Пренс, соопштија вработени за грижа на децата.

Една од вработените рекла дека видела како од сиропиталиштето изнеле 13 детски тела. Таа додала дека пожарот избил вчера околу 21 часот и дека на пожарникарите им требало речиси еден и пол час додека да стигнат на местото.

Меѓу загинатите деца се и седум бебиња или мали дечиња, а другите шест биле на возраст од 10 или 11 години. Вработените рекле дека во сиропиталиштето користеле свеќи поради проблеми со генераторот за струја.