Фото. Архива

Шест лица се спасени, а четири загинаа кога украински товарен брод со 12 член екипаж потона денес крај брегот на турската црноморска провинција Бартин.

– Шест лица беа спасени од товарниот брод – рече провинцискиот гувернер Синан Гунер – јави агенцијата Анадолија.

Бродот потонал поради лошите временски услови.

– Загинаа четири лица. Потрагата беше прекината поради големите бранови, но хеликоптери летаат над областа – нагласи гувернерот.

РИА Новости наведува дека станува збор за брод што пловел под знамето на државата Палау, а е во сопственост на украинска компанија и бил отстранет од рускиот регистар во 1997 година.

Министерството за надворешни работи на Украина потврди дека на бродот имало 10 украински државјани, како и двајца Руси.