Американскиот претседател Доналд Трамп има благи симптоми на ковид-19, изјави шефот на канцеларијата на Трамп, Марк Медоус откако претходно беше соопштено дека Трамп и неговата сопруга се позитивни на ковид-19.

– Американскиот народ може да биде сигурен дека имаме претседател кој не само што е на функција, туку и ќе остане таму и јас сум оптимист дека тој ќе се опорави многу брзо – изјави Медоус пред новинарите во Белата куќа.

Тој додаде дека подоцна во текот на денот ќе објави повеќе детали за здравјето на Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е позитивен на ковид-19, како и на неговата сопруга Меланија и дека ќе оди во карантин.

– Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани и позитивни на ковид-19 – напиша претседателот на Твитер.

– Веднаш започнуваме четиринаесетдневен процес на изолација и закрепнување. Ќе успееме заедно – додаде тој.