Најмалку три лица загинаа рано утринава во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер во јужен Иран, јави државната телевизија.

-За жал, досега имавме три смртни случаи и осум повредени – изјави за телевизија Мехрдад Хасанзадех, шеф на управата за вонредни состојби во провинцијата Хормузган на брегот на Персискиот Залив.

Иранските медиуми објавија дека јачината на земјотресот е 6,1 степени, додека Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) соопшти дека бил со јачина од 6,0 степени.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри – додава ЕМСЦ.

Иран претрпе неколку разорни земјотреси во последниве години.