Фото: Веб-страница на украинскиот претседател

Украинските војници жестоко се борат за „секој метар“ од Северодонецк, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски, во време кога руските сили уништија мост на реката, оставајќи им на цивилите само еден излез, пренесе „Ројтерс“.

Северодонецк стана епицентар на големите битки за контрола на украинскиот регион Донбас, а руската војска го освоила поголемиот дел од градот.

– Клучната тактичка цел на окупаторите не е променета: го напаѓаат Северодонецк, таму се водат силни борби, буквално на секој метар – рече Зеленски во видео-обраќањето.