фото: Фејсбук

Украинскиот претседател Володомир Зеленски ја повика Европската Унија да остане обединета против Русија за време на разговорите со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, и по контроверзните изјави од некои германски претставници. Зеленски им се заблагодари на Мишел и на националните лидери на ЕУ за нивната солидарност и поддршка во време на конфликт и тензии со Русија.

– Тој нагласи дека за Украина е важно да го зачува единството на сите земји членки на ЕУ во заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата поради потенцијалната руска инвазија – се вели во соопштението на украинското претседателство.

– Украина нема да попушти пред провокациите, напротив, ќе ја задржи својата присебност заедно со своите партнери – додал Зеленски.

– Благодарен сум Ви Вам, господине претседателе на Европскиот совет, како и на лидерите на земјите од ЕУ, чии дипломати остануваат во нашата земја и нè поддржуваат со нивната работа – му рекол Зеленски на Мишел во телефонскиот разговор.

Тој исто така посочил дека Украина нема намера да одговара на руските провокации.

Москва во меѓувреме уште еднаш го обвини Киев дека подготвува офанзива против проруските сепаратисти на истокот на земјата.