Фото: Веб-страница на украинскиот претседател

Украинскиот претседател Влaдимир Зеленски синоќа преку видео линк пред Европскиот совет одржа краток говор по повод историската одлука со која на Украина и се додели кандидатски статус за членство во ЕУ.

– Една од најважните одлуки за Украина во сите триесет години од независноста на нашата земја. Сепак, оваа одлука не е само за Украина. Ова е најголемиот чекор во зајакнувањето на Европа што може да се направи токму сега, токму во наше време, и токму во такви услови, кога руската војна ја испитува нашата способност да ја зачуваме слободата и единството. Благодарение на самитот на сите европски лидери – додаде Зеленски.

-Благодарност до нашите херои, до сите оние кои со оружје во рацете ја бранат независноста на Украина и слободата на Европа. Ви благодарам! Ви благодариме што ја направивте новата историја на Европа уште посилна, уште послободна. Слава на Украина! – рече Зеленски во обраќањето до лидерите од Советот на ЕУ во Брисел, на кој неговата земја се стекна со статус кандидат за членство во ЕУ.