Фото: Принт-скрин

Русија ги повика Украинците да престанат да пружаат „бесмислен отпор“ во Северодонецк и предложи денеска хуманитарен коридор за евакуација на цивилите, но апелот не доби одговор од Киев.

„Хуманитарниот коридор ќе биде отворен на 15 јуни“ од 5 до 17 часот по Гринич“, соопшти руското Министерство за одбрана, уверувајќи дека ќе гарантира „безбедна евакуација на сите цивили, без исклучок“.

Според шефот на управата на Северодонецк, Олександр Стрјук, „од 540 до 560 луѓе“ се засолниле во подземните премини на огромната хемиска фабрика „Азот“, симболот на овој индустриски град во источна Украина.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски синоќа ги повика своите сонародници да останат во Донбас, „витален“ регион во кој, според него, ќе се донесе одлука за продолжување на војната што Москва ја започна на 24 февруари против Украина.

– Од витално значење е да се остане во Донбас – наведе Зеленски во своето секојдневно обраќање на Телеграм.

Тој додаде дека одбраната на регионот е од суштинско значење за да се покаже кој „ќе доминира во наредните недели“.