Канада

Канадската провинција Квебек ќе им наплатува здравствен данок на жителите што не се вакцинирани против ковид-19, соопштија властите во Квебек. Една од најголемите области во Канада, која забележа најголем број смртни случаи поврзани со ковид, во моментов повторно се бори со зголемување на случаите, поради што премиерот Франсоа Лего најави и дека оваа покраина ќе биде прва во земјата што ќе ги казнува невакцинираните лица.
– Работиме на нов данок за сите возрасни што одбиваат да примат вакцина против коронавирус, бидејќи тие претставуваат финансиски товар за другите граѓани – рече премиерот на покраината, Франсоа Лего.
Премиерот истакна дека десет отсто од граѓаните на Квебек не ја примиле вакцината и додаде дека преостанатите 90 отсто од вакцинираните не треба да страдаат поради нив.
Според информациите од медиумите, вкупно 2.742 лица се хоспитализирани во Квебек, кој има околу осум милиони жители, а околу 255 лица се на одделенијата за интензивна нега. Во регионот во сила е полициски час, кој трае од 22 до 10 часот наредниот ден.

Подготвил: Дејан Србиновски