Црна Гора

Заострени се условите за влез во Црна Гора за странските државјани поради епидемиската состојба, а во секој случај е задолжително ПЦР-тестот да не биде постар од 72 часа, а брзиот антиген тест да не биде постар од 48 часа.
Црногорските државјани и странците можат да влезат во земјата преку сите гранични премини со еден од двата доказа од потврдата за коронавирус – дека лицето е целосно вакцинирано со пропишаниот број дози вакцина против коронавирус и дека не поминале повеќе од шест месеци од втората доза.

Влезот е возможен со доказ дека лицето прележало ковид-19, дека поминале не помалку од 10 дена и не поминале повеќе од 180 дена од позитивен ПЦР или брз антигенски тест.
Влезот во земјата без овие докази е можен, но со утврдување самоизолација од 10 дена, која може да се прекине најрано по три дена по негативен ПЦР-тест.