Фото: Твитер/МНР на Русија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска на радио „Спутник“ изјави дека акциите на земјите од Европската Унија и САД ја довеле Украина во позиција на ропство во однос на Западот.

Захарова ги коментираше зборовите на германската министерка за надворешни работи Аналена Бурбок, која тврди дека изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Русија „ќе му помогне на народот на Украина да се ослободи од антинародниот и антиисторискиот режим на Киев“ укажува на намерата на Русија целосно да ја потчини Украина.

„Можам да ѝ одговорам дека акциите на нејзината земја, заедно со акциите на земјите од ЕУ и САД, ги направија Украина и украинскиот народ целосно ропски зависни од западните земји – рече Захарова.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред два дена рече дека Москва е решена „да им помогне на Украинците да се ослободат од товарот на овој апсолутно неприфатлив режим“.

Лавров ги обвини Киев и западните сојузници дека „шират пропаганда со цел Украина да стане вечен непријател на Русија“, пренесува АП.

– Рускиот и украинскиот народ ќе продолжат да живеат заедно. Ние секако ќе му помогнеме на украинскиот народ да се ослободи од режимот кој е апсолутно антинационален и антиисториски – додаде Лавров.